ПОСНА ПИТА СО АФИОН И ВИШНА

Состојки:
– 500 грама мелен афион
– 500 грама кори за пита
– 300 грама вишни
– 300 грама шеќер
– ванилин шеќер
– вода
– малку брашно

Подготовка:
Во тенџере сипете ги афионот, шеќерот, ванилиниот шеќер и додајте вода колку да се добие смеса како за палачинки.

Ставете го тенџерето на оган за да проврие. Не е потребно долго да се вари, само треба да зоврие.
Дното од тепсијата посипете го со брашно (или ставете хартија за печење) и редете ги корите. Секоја кора намачкајте ја добро со врелиот фил, а вишните ставајте ги на секоја втора или трета кора.

Последната кора посипете ја малку со вода.

Печете во рерна на 180 степени Целзиусови додека не порумени.

На Здравје!