ПОСНИ ОВОШНИ СЛАТКИ: ВРВНО УЖИВАЊЕ, СОВРШЕНО ЗА СЛАВА!

Состојки:

  • 800 гр посни мелени бисквити,
  • 8 лажици какао,
  • 8 лажици мед,
  • 80 гр стопен маргарин,
  • 8 банани,
  • 500 мл млеко од соја,
  • 2 пудинга од слатка павлака,
  • 3 лажици шеќер,
  • 70 гр маргарин,
  • 4-5 киви, мандарини

Подготовка:

Во два сада истурете 400 грама бисквити, а во двата додадете 4 лажици какао во прав, 4 лажици мед и 40 гр стопен маргарин. Бананите се матат со миксер, се делат на два дела и се додаваат во двата сада. Соединете ги во еднолични смеси.

Загрејте го млекото од соја, малку одделете го и измешајте 1,5 кесичка пудинг и шеќер. Кога ќе зоврие, сварете го пудингот. Во врелата смеса додадете 70 гр маргарин и убаво измешајте.

Смесата од еден сад превртете ја на хартија за печење во правоаголник со сукало, доколку треба малку да ги исечете страните, за да има правилна форма. Нанесете половина од пудингот, израмнете и ставете 8 мандарини една до друга по целата должина. Завиткајте во ролни со хартија. Истото повторете го и со киви ролатот.



Оставете да отстои најмалку три часа во замрзнувач пред да го исечете или во фрижидер преку ноќ.

Пријатно!