Состојки:
- 400 грама спанаќ;
- 250 грама печурки;
- 1 сува црвена пиперка;
- 2 млад кромид;
- коцки сув леб
- Кисело млеко или павлака 250 грама;
- 2 грста ореви; сол и црн бибер.
Подготовка:
Спанаќот добро измијте го и исцедете го. Додека спанаќот се цеди, изрендајте ги шампињоните и кромидот (ситно исецкан). Измешајте ги печурките со проврениот спанаќ, ситно исечен свеж кромид, павлакатаи зачините. Додадете сув леб и ореви и уживајте!