Аспровалта е град во Солунскиот округ, во северна Грција и припаѓа на општината Волви. Населението на Аспровалта брои 2.838 луѓе.
Археолозите при археолошките ископувања утврдиле дека местото било населено уште од хеленистичкиот период и е познато дека во римско време Вија Егнација премувала низ регионот. Според еден документ од манастирот Симонопетра, населбата била изградена во почетокот на XVI век.
Во XIX век Аспровалта било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Аспровалта е прекрасно место со златната плажа, чисто море, планината Кердилиа, езерото, многу зеленило, археолошки и историски наоѓалишта. Убаво уредената плажа и услугата, забавата и сместувањето, културните манифестации кои ги организираат жителите, ги привлекуваат и најпробирливите. Погодна е за сите генерации поради кафетериите и клубовите во центарот и на самата плажа, бројните таверни и ресторани со рибни и традиционални грчки специјалитети. Жителите се гостопримливи и традиционални…
Плажата е пространа, долга околу 3 km, а широка околу 200 m. Опкружена е со високи планини и бујното зеленило.
Ако ова лето вашиот избор е Аспровалта, илјадници вили, соби и апартмани можете да најдете на платформата Arendoo , oфицијалната facebook страна на Arendoo.mk или facebook групата Ајде да патуваме! Туристички понуди за хотели, мотели, апартмани, соби…