Состојки:
4 филџани вода;
2 филџани масло;
4 филџани брашно;
1 прашок за пециво
8-9 јајца.
Подготовка:
Рерната се загрева на 200°C. Потоа водата и маслото ставете ги заедно да зовријат во длабок сад. Откако ќе зовријат, тргнете ги од огнот, па додајте ги брашното и пецивото. Целата смеса се меша заедно и се остава убаво да се олади. Во изладената смеса, додавајте ги јајцата и потоа матете со миксер.
На два големи плеха ставете хартија за печење и премачкајте ја со масло. Со мала лажица формирајте топчиња и распределете ги на плеховите. Печете 20 минути на 200°C со вклучен вентилатор, а потоа уште 4-5 минути на 150°C. Многу е важно при печењето ниту еднаш да не ја отворате рерната.
Состојки за филот:
125 гр. маргарин;
3 пудинзи ванила;
7 лажици шеќер;
1,5 литар млеко;
3 пакетчиња ванилин шеќер;
8 лажици густин.
Подготовка на филот:
Издвојте 18 лажици ладно млеко во сад и додајте ги трите пудинзи, шеќерот и густинот. Потоа мешајте со лажица. Млекото што ќе ви остане ставете го на оган да зоврие. Откако ќе зоврие, ги додавате маргаринот и ванилиниот шеќер.
Тргнете го од оган и додадете ја смесата со пудинзите. Со постојано мешање се враќа на оган уште 1-2 минути. Треба да го оставите и да почекате добро да се олади. Испечените крофни пресечете ги на половина и внатрешноста исполнете ја со филот.