Потребни состојки:
400 мл млеко
200 грама кокос
4 лажици шеќер во прав
60 грама путер
1 пудинг ванила
50 грама сурови бадеми
Начин на подготовка:
Во длабок сад со нелеплив слој (како тефлон), истурете го млекото, на кое го додавате путерот, шеќерот и пудингот(преходно растворен во малку вода). Откако смесата ќе зоврие, го додавате кокосот и постојано мешајте на тивок оган додека смесата не се згусне. Темелно мешајте, во спротивно домашната мешавина од кокос може да загори.
Откако смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган и оставете да се излади. Од изладената смеса формирајте кружни топчиња со рацете, ставајќи бадем во центарот на секоја топка. Домашните топчиња во форма на Рафаело чувајте ги во фрижидер. За да ги направите кокосовите слатки повеќе бушави и слатки, можете да ги превртите во кокос.
На здравје!