Состојки:
- 200 гр сечкано бело чоколадо
- 100 мл слатка павлака
- 100 гр брашно од кокос
- 50 гр крем сирење
- 5 јагоди со средна големина
- 50 гр кокосово брашно (за тркалање топчиња)
Подготовка:
Измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на мали парчиња јагодите. На среден оган, загрејте го кремот за готвење до вриење и прелијте го со сецканото чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Промешајте кокосово брашно и крем сирење и покријте го со проѕирна фолија. Ставете ја смесата во фрижидер 1 час. Фатете ја смесата со лажичка, израмнете ја и ставете парче јагода во средината. Со рацете формирајте топче и превртете го во кокосово брашно.
Ставете ги топчињата во фрижидер и извадете ги 10 минути пред да ги послужите за да омекнат. Пожелно е јагодите да се оладат за да не ослободуваат сок . Наместо јагоди, можете да користите други овошја (малини, боровинки, капини).
Добар апетит!