Научните истражувања покажуваат дека растворливите влакна кои потекнуваат од овесот делуваат превентивно на болестите на срцето и крвните садови, го намалуваат нивото на холестерол и делуваат на апсорпцијата на жолчните киселини. Растворливите влакна, исто така, влијаат на функцијата на инсулинот, со што природно го регулираат нивото на шеќер во крвта во текот на денот, што исто така остава подолго чувство на ситост .
За време на минување низ дигестивниот систем, влакната од овесот создаваат гел со водена компонента, со што се зголемува волуменот на цревната содржина и се олеснува минувањето на изметот низ системот за варење. На овој начин се одржува здравјето на дигестивниот систем, а со тоа и здравјето на целиот организам. Овесот е исто така концентриран извор на други хранливи материи кои обезбедуваат дополнителни здравствени придобивки. Содржи малку поголема содржина на маснотии во однос на другите видови житарки, а составот на масните киселини е поволен, бидејќи најголем дел им припаѓа на мононезаситените и полинезаситените масни киселини. Исто така е добар извор на протеини и витамини од групата Б , особено витамин Б1, кој игра важна улога во метаболизмот.
Што е тоа кај пијалокот од овес што го прави особено добар за вашето здравје?
Богат е со растителни влакна – кои играат одлучувачка улога во здравото варење
Добар е за црниот дроб – овесот содржи амино киселини кои му помагаат на црниот дроб да произведува лецитин, одговорен за одвојување на мастите од црниот дроб во дигестивниот систем. Накратко, овесот помага да се спречи замастен црн дроб.
Пијалокот е нискокалоричен и содржи бројни витамини и минерали.
Тој е природен диуретик , ја стимулира работата на бубрезите и придонесува за излачување на вишокот течности од телото преку урината.
Состојки:
- чаша овесна каша
- 3 чаши вода
- 1 стапче цимет или 1 лажичка цимет во прав
- 2 лажички мед или друг природен засладувач


