РЕЦЕПТ ЗА ПОСНИ КОЛАЧИ

Состојки:

400-450 гр меко бело брашно
150 мл сончогледово масло
150 мл бело вино (или пиво)
1/4 лажичка прашок за пециво
џем од кајсии или сливи
1 кесичка ванилин шеќер
шеќер во прав


Подготовка:

Во сад просејте околу 400 гр брашно и прашок за пециво, па измешајте. Потоа додадете масло и вино и замесете тесто, додавајќи уште брашно, доколку е потребно. Тестото не треба да биде премногу тврдо, но не треба да се лепи ниту за вашите раце. Замесеното тесто ставете го на набрашнета површина и расукајте со сукало до дебелина не поголема од 5 мм.

Со сукало од саканата форма извадете парчиња тесто и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Оставете мала празнина меѓу нив, не треба да се допираат. Остатокот од тестото замесете го малку, расукајте го со сукало и повторно вадете ги формите и така додека не се потроши тестото. Печете ги бисквитите во рерна загреана на 180 °C. После 10-тина минути почнете да ги проверувате бидејќи бојата нема многу да ја сменат, па треба да ги погледнете и од дното какви се за да не изгорат.

На здравје!

Кога ќе се испечат бисквитите, премачкајте ги со џем и нежно покријте со ненамачкан бисквит, па валкајте во мешавина од просеан шеќер во прав и ванилин шеќер. Ставете ги во кутијата за колачиња.