Иако е слична на француската, полската салата сепак е малку поразлична – пред сè по мирисот на состојките, што и даваат пријатна и топла арома.
Состојки:
4 средни компири
2 средни моркови
4 јајца
6 кисели краставички
2 помали јаболка
2 лажици павлака
5 лажици мајонез
1 лажица сенф
сол и бибер по вкус
Подготовка:
- Ставете компири и моркови во шерпата, додадете вода и оставете да зоврие. Гответе додека не омекне и варете ги јајцата во друго тенџере.
- Кога ќе се излади излупете го компирот и исечете го на коцки. Исечете ги морковите, јајцата, киселите краставички и јаболката.
- Измешајте ги со павлаката, мајонезот и сенфот.
- Пренесете ги сите состојки во истиот сад и внимателно измешајте додека не се соединат преливот и другите состојки. Оставете да се излади и послужете.
Пријатен апетит!