Состојки:
- 3 1/2 филџани брашно
- 200 гр. путер
- 1 филџан шеќер
- 4 јајца
- 1/2 филџан павлака
- прстофат сол
- 1 лажица сода
Фил:
- 2 филџани мелен афион
- 1/2 филџан шеќер
- 1/2 филџан ореви
Подготовка:
Измешајте го брашното со содата и просејте. Додадете го ситно сецканиот путер и истријте го во брашното додека не стане ронливо.
Направете бунар во средината на брашното и додадете 3 јајца, павлака, шеќер и сол. Брзо измесете го тестото и ставете го на ладно место 15-20 минути.
Потоа исучете го тестото во правоаголна кора со дебелина од 1 см, посипете го со афион измешан со шеќерот и оревите.
Ставете го ролатот во намастено и набрашнето тавче и намачкајте го со јајце, посипете го со мешавина од афион, шеќер и ореви. Печете 35 минути на температура од 230 степени.
На здравје!