РОЛАТ СО СЛАТКО ОД БРУСНИЦА

Состојки:
– 4 јајца
– 9 лажици шеќер
– 30 гр. путер
– 3 лажици вода
– 10 лажици брашно
– 10 гр. прашок за пециво
– 2 пакетчиња ванила
– слатко од брусница
– шеќер во прав – за попрскување

Подготовка:
Измешајте ги јајцата и шеќерот со помош на миксер се додека не добиете цврста бела смеса. Додадете ја водата и кратко промешајте. Потоа додадете ја ванилата и стопениот путер.

Измешајте ги прашокот за пециво со брашното и потоа додадете ги во смесата со јајцата. Во правоаголна тава ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку путер. Ставете ја смесата да се пече во загреана рерна со вентилатор на 180 степени околку 20 -25 минути.

Свртете го тестото врз памучна влажна крпа. Отстранете ја хартијата. Завиткајте го тестото како ролат и оставете го да се излади околу 5 минути. Потоа одвиткајте го премачкајте со слатко и повторно направете ролат. Посипете со шеќер во прав.



На здравје!