САЛАТА СО ПИЛЕШКО, ДОМАТИ И АВОКАДО

  • 2 сецкани домати
  • 1 сецкано авокадо
  • 10 мл маслиново масло
  • мал исечен црвен кромид
  • 10 мл сок од лимон
  • 10 мл балсамичен оцет
  • сол, пипер.
  • 2 парчиња пилешко
    Подготовка:
    Во сад измешајте ги доматите со авокадо, испрженото пилешко на мали парчиња и кромид. Во друг сад измешајте го маслиновото масло со сок од лимон, балсамичен оцет, сол и црн пипер. Потоа истурете го сосот врз смесата од домати и добро измешајте.Пред сервирање, оставете ја салатата во фрижидер 5 до 10 минути.

На здравје!