САЛАТА СО РУКОЛА, КРУШИ И СИНО СИРЕЊЕ

Состојки:
2 круши
250 гр рукола
150 гр сино сирење
1 грст ореви
1 прстофат сол
1 прстофат црн бибер
2 лажици маслиново масло
2 лажици балсамико оцет
1 прстофат сусам


Подготовка:
Руколата добро се мие и се става во сад. Сирењето се сече на коцки, крушите исто така. Сите производи се додаваат во садот. Конечно, зачинете ја салатата со зачини и промешајте. На крајот посипете со сусам.

На здравје!