Главната состојка на овој еликсир за слабеење е рен , храна богата со витамин Ц, калиум, витамини Б1 и Б6, железо, витамин Б2, магнезиум и фосфор.
Ренот го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и го поттикнува развојот на добри бактерии во цревата, пишува Крстарица.
Состојки:
- 125 грама свеж рен
- 4 лимони
- 3 лажици мед
- 2 лажички цимет
- 2 см корен од ѓумбир
Подготовка:
Измешајте рен и ѓумбир во блендер. Во нив додадете го исцедениот сок од лимон и мешајте во блендер уште три минути. Потоа додадете ги медот и циметот и продолжете со мешањето додека сè убаво не се соедини. Сирупот истурете го во стаклена тегла. Земете една лажица два пати на ден пред јадење или пред вежбање. Консумирајте го три недели, а потоа направете пауза неколку дена.