Овен
Никој не е толку самоуверен како луѓето родени во овој знак, па затоа не е чудно што на секоја забава се во центарот на случувањата и што се доминантни во различни средини. Припадниците на овој знак лесно ќе ги забележите во секоја соба, тие чекорат многу самоуверено, а сите околу нив ќе ја забележат нивната експресивна личност.
Овните не мора да бараат внимание, но чувствуваат дека нивната личност ги привлекува сите луѓе околу нив. Сакаат да бидат привлечни за луѓето, па иако свесно не работат на привлекување внимание, многу уживаат во тоа и нема да го одбијат.
Близнаци
Близнаците се социјални суштества, никој повеќе од нив не ужива во возбудлив живот полн со забава и пријатели. Лесно можат да се забележат на секоја забава, ќе танцуваат лудо, но ќе има и такви кои ги раскажуваат најлудите приказни. Тие се способни да најдат нови пријатели додека чекаат ред за тоалет во клубот бидејќи исклучително лесно комуницираат.
Иако е точно дека често ќе бидат во центарот на вниманието, тоа нема да им биде доволно. Тие веруваат дека луѓето секогаш треба да ги слушаат уште попосветено и повнимателно бидејќи имаат што да понудат. Ова секако е точно, но не треба да бидете нервозни доколку се најдете во ситуација некој да ве игнорира.
Лав
Ако некој сака да биде најголема ѕвезда секогаш и секаде, тогаш тој е припадник на овој знак. Тие дури се претставени со животно кое е вистинскиот крал во животинскиот свет. Лавовите имаат многу доминантна личност, што значи дека не можат да се игнорираат, но се и многу драматични. Што значи? Ако луѓето околу нив веќе не ги забележале, ќе направат се што е потребно за да бидат забележани. Може дури и да се посрамотат или да прават сцени на јавно место, спремни се на се за малку внимание.
Скорпија
Нема ништо едноставно за овој знак, во зависност од односот со некого тие можат да бидат наметливи или агресивни. Не се трудат да остават посебен впечаток, но знаат дека лесно можат да привлечат внимание кога сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие, исто така, не сакаат да бидат запоставени и копнеат да бидат секогаш во нечиј ум, особено кога се во прашање интимните врски.
Стрелец
Припадниците на овој знак водат возбудлив живот, дури и кога не се замараат за тоа, па не е невообичаено да бидат честа тема во разговорите со другите луѓе. Тоа се многу екстровертни луѓе и тогаш е јасно зошто се толку интересни. Затоа често ги привлекуваат луѓето во својот внатрешен круг – знаат дека се популарни и уживаат во тоа.