Ова е извонредно здраво и вкусно мезе или додаток на печено месо. Бидејќи модриот домат не се лупи, ги задржува сите хранливи материи и не се пржи, не апсорбира вишок маснотии.
Состојки:
2 модри домати
2 црвени домати со средна големина
рендано сирење, може и кашкавал или пармезан, за посипување
половина чаша сецкан магдонос или босилек
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180-200 степени целзиусови.
Измијте ги модрите домати добро и исечете ги на кругови, дебели околу еден сантиметар, додадете сол и оставете ги да отстојат половина час, а потоа измијте ги и исушете ги.
Исечете ги доматите во кругови.
Изрендајте го сирењето.
Круговите модри патлиџани наредете ги во подмачкана тава и додадете малку вода за да не изгорат.
На секој круг модар патлиџан ставете парче домат, посипете сирење или пармезан и посипете со малку магдонос или босилек.
Ставете го во рерна и печете 15 минути.
На здравје!