За помалку од половина час , направете ги овие вкусни крцкави закуски кои изгледаат како крофни. Направени се од само неколку состојки, а доколку сакате печурки, овој рецепт совршено одговара.
Состојки:
- 500 гр шампињони
- 2 јајца
- сол, бибер
- брашно и презла
- масло
Подготовка:
Изберете помали печурки со иста големина. Секое исчистете го и со нож исечете го стеблото за да остане само горниот дел од печурката. Изматете ги јајцата со малку сол и бибер, а во посебна чинија измешајте брашно и презла.
Секоја печурка потопете ја во јајцата и потоа валкајте ја во мешавина од брашно и презла.Пржете ги на врело масло додека не добијат убава боја. Готовите шампињони оставете ги на даска да отстојат малку и да се исушат.
Наздравје!