ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА КАЖЕТЕ КОГА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА ПЛАТА?

Еве неколку примери за работи кои никогаш не треба да ги кажувате, додека се обидувате да си обезбедите поголема плата:

“Ја прифаќам првата понуда“. Запомнете – тоа сепак се преговори, не ги прекинувајте пред да се започнати.

„Го сакам износот Х“. Не кажувајте ја веднаш крајната сума што ја сакате, оставете место за договор.

„Па, тоа ли е се што нудите?“ Ќе го навредите работодавачот и сосема ќе ги намалите шансите за поголема плата.

„Во моментов имам други, подобри понуди од вашата“. Ако е вистина – не оставате добар впечаток. Ако не е и блефирате, може да си постигнете автогол, ако работодавачот ве замоли да кажете од кого е понудата.

„Тоа може да звучи малку агресивно, но ….“. Ако преговарате вешто, нема да има потреба да користите слични објаснувања.



„Знам дека тој/таа добива повеќе, а јас сум подобар / подобра од него“. Ужасно непрофесионално е да се споредувате со други за време на преговорите.

„Мислам дека …“, „Можеби …“, „Веројатно …“. Сите овие зборови издаваат несигурност, а ако има разговор, за време на кој сакате да изгледате уверени, тоа е овој.

„Многу сте стиснати“. Непотребно е да се каже дека вакво тврдење нема да е во ваша корист.

„Вредам повеќе од тоа“. Се разбира дека треба да ги истакнете позитивните квалитети и како вие придонесувате за успехот на вашиот работодавец, но не го правете тоа на арогантен начин.