СЛАТКИ СО ЛОКУМ

Потребни состојќи:

500 гр брашно

250 гр локум

1/2 чаша јогурт

60 гр шеќер

120 гр шеќер во прав

80 гр путер

80 мл масло

100 гр ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 ванила

Начин на подготовка:

Брашното мешајте го со јогуртот, шеќерот и путерот измешајте ги со содата.

Од сите состојки измесете умерено тврдо тесто и развлечете го во кора со дебелина од 5 мм. Со мала чаша исечете кругови од кората и врз неа ставете парче локум и неколку мелени ореви. Потоа преклопете ги круговите така што ќе добиете полумесечина, притиснете ги нивните рабови и наредете ги во плех покриен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна од 170 степени додека не зарумени. Откако ќе се изладат, подготвените слатки превртете ги во шеќер во прав измешан со ванила.

На здравје!