СМУТИ СО СПАНАЌ, ЈАБОЛКО И БАНАНА

Состојки:

1 чаша исечкани листови спанаќ
1 банана
½ излупено јаболко
1 мала чашка вишни, може и замрзнати
1 чаша вода, млеко или јогурт


Подготовка:

Исечете ја излупената банана и ставете ги вишните заедно со исечканиот спанаќ и јаболкото во блендер со моќен мотор. Потоа додадете ја чашката вода, млеко или јогурт во зависност што сте одлучиле. Блендајте додека не добиете смути.



На здравје!