Софија Лорен- Што и да планирате, никогаш нема да знаете што планира животот за вас!

Софија Лорен се смета за симбол на убавина и женственост. Таа е хероина на златното доба од големото платно, жена со инспирација и пример како да живееш, сакаш, поставуваш сопствени правила и да не се оптоваруваш со тоа што мислат другите .

Меѓутоа, пред да го добие тој статус, таа беше обична, сиромашна девојка. Таа самата изјави дека како девојче не била убава, а на 14 години телото почнало да и се менува и од грдо пајче се претворила во лебед. На 30-годишна возраст достигна слава и популарност, на 50-годишна возраст се плашеше дека годините ќе летаат премногу брзо, а сега, кога има над 80 години, го сака својот живот, живее во мир со себе , одгледува внуци и понекогаш открива некои интересни работи од нејзиниот многу возбудлив живот. :

Кога станав доволно самоуверена, сцената исчезна од мојот живот. Кога верував дека губам, победив. Кога на луѓето најмногу им требав, тие ме оставија. Кога научив да ги исушам солзите, најдов рамо за плачење. Кога престанав да мразам, некој почна да ме сака со целото свое срце . Што и да планирате, никогаш нема да знаете што планира животот за вас . Успехот ве запознава со светот. Но, неуспехот ви го претставува светот. Затоа, бидете секогаш среќни. Често кога губиме надеж и мислиме дека ова е крајот, Бог се насмевнува одозгора и вели: Опушти се, мила, ова е само пресврт, а не крај – изјавила Софија Лорен.