СОЛЕНА ТОРТА ОД ПАЛАЧИНКИ

За палачинки:

3 јајца

600 мл млеко

250 мл вода

1 лажица сол

1 лажица шеќер

1 лажица масло

Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат, додадете брашно по потреба



Секогаш можете да го користите вашиот рецепт за палачинки, но не додавајте ванила или други зачини. Од смесата излегуваат 6 парчиња на палачинки во подебела форма.

За кремот:

800 гр крем сирење

300 гр мајонез

Начин на подготовка:

Двете состојки се мешаат многу добро за да се добие хомогена смеса. Подмачкајте го секој ред со фил изобилно, остатокот ставете го на врвот и на страните.

За полнење можете да користите: слатка пченка, сланина, маслинки, кисели краставички, добро исцедени. Украсете на страна со рендан кашкавал, а одозгора украсете по ваш вкус. Можете да посипете со копар.