СОВРШЕН РУЧЕК ЗА ПОСНИ ДЕНОВИ!

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 2 конзерви туна
  • црни маслинки
  • млад кромид
  • 1 лажица сенф
  • 1 лимон
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол, бибер
  • неколку гранчиња свеж магдонос и зачин

Подготовка:

Измијте ги компирите и варете ги сите со кора околу 30 минути или додека не омекнат. Кога компирот ќе се свари, исплакнете ги во ладна вода и прелијте ги со сок од лимон, оставете ги да се оладат малку за полесно да се излупат и исецкаат, потоа излупете ги и исечете ги на кругови со еднаква дебелина.

Исечете го кромидот, додајте го на компирот и внимателно измешајте. Маслото, сенфот, сецканиот магдонос и зачин, сол и бибер и измешајте сè и додајте во компирите, додадете туна и маслинки и промешајте.



На здравје!