Копривата е една од најмоќните билки во народната медицина, а нејзиното најпознато дејство е во борбата против анемијата. Покрај железото, други минерали кои ги содржи копривата се: калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Најбогат е со витамин Ц, а содржи и витамини А, Б2, Б5 и К. Исклучителниот состав на копривата вклучува и танини, каротин, лецитин и бројни амино киселини, протеини и јаглехидрати. Освен што е корисна за здравјето, копривата често се користи и во служба на убавината, па затоа постојат различни рецепти со коприва за побрз раст на косата.
Копривата има антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни, диуретични својства, ја намалува болката, па не е ни чудо зошто отсекогаш заземала посебно место во билната аптека на нашите баби. Покрај убавината и здравјето, копривата може да биде исклучително вкусна во салати, пити, супи, како чај и сок.
Ви пренесуваме рецепт за древен природен лек со коприва, кој се смета за еликсир за зајакнување на крвта, правилно функционирање на бубрезите, помага при кашлица, астма и алергии, а се користи и како помошно средство за анемија.
Компоненти:
200 гр врвови од коприва;
3 лимони;
2 литри вода;
800 гр мед
Подготовка:
Измијте ги добро врвовите од копривата, а лимонот исечете го на прстени. Во еден сад измешајте вода, коприва и лимон. Оставете ја смесата да отстои 24 часа. После тоа, додадете мед и се вари додека не зоврие. Изладете, процедете, истурете во тегли и оставете да се излади. Земете една кафена лажичка дневно со малку вода. Сирупот можете да го чувате во фрижидер до 6 месеци.
Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите природни лекови.