Потребни производи:
3 тиквички
3 јајца
150 гр кашкавал
1 домат
100 гр сирење
100 гр моцарела
босилек
сол
Начин на подготовка:
Изрендајте ги тиквичките за кето пицата. Се посолуваат и се оставаат да се исцедат 30 минути.
Кога ќе бидат готови измешајте ги со јајцата и 50 гр кашкавал. Во плех со хартија за печење, истурете ја смесата во кружен плех и печете на 180 степени 30-40 минути додека не се подготви.
На печената кора наредете го сирењето, парчињата моцарела, доматот исечен на полумесечини и моцарелата (100 гр).
Посипете босилек и печете уште 15 минути додека сирењето не порумени.