Ако сакате нешто слатко, но здраво, овие енергетски бонбони на Џејми Оливер се совршено решение.
Потребни производи за околу 20 парчиња:
70 гр. семки од тиква
20 гр. киноа или кафеав ориз
50 гр. сурови бадеми
80 гр. свежи урми
1/2 лажиче куркума во прав
1/2 лажиче цимет
1 полна лажичка природно какао
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажица мед
1 портокал
кокос струготини за валање
Начин на подготовка:
Ситно смелете 40 гр семки од тиква и истурете ги во чинија. Додадете ги преостанатите 30 гр, киноа / кафеав ориз, бадемите, урмите (без семки) и изблендирајте. Додадете ја куркумата, циметот, какаото и малку морска сол. Повторно изблендирајте, па додадете ги ванилата, медот и сокот од половина портокал. Блендирајте уште 1-2 минути и додадете малку сок од портокал доколку е потребно.
Користете влажни раце, формирајте околу 20 топчиња и убаво превртете ги во мелените семки од тиква, додавајќи малку струготини од кокос.
На задравје!