Состојки:
1 кг. телешки шницли
4 лажици брашно за поховање
700 г. шампињони (исецкани на ливчиња)
2 главици ситно сецкан лук
700 мл. слатка павлака
3 лажици масло
сол, бибер
Подготовка:
Испоховајте ги шницлите. На масло, испржете лук, додадете шампињони, зачинете со сол и бибер. Во подмачкана тепсија наредете ред шницли, ред фил, се додека не се потроши сиот материјал. На крајот нанесете слатка
павлака и запечете.