ТОКМУ КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ ИЗГУБИЛЕ СЕКАКВА СИЛА, ИМАТЕ БАРЕМ УШТЕ ТОЛКУ

Понекогаш е тешко. Има моменти кога се чини дека се распаѓаме на милион мали парчиња и немаме идеја како да се составиме повторно.

Понекогаш поминуваме низ многу – раскинуваме со саканата личност, нè навредуваат, нè лажат, се чувствуваме лошо физички или психички, го губиме правецот… Секој поминува низ таква фаза во животот и секој доживува тоа на свој начин.

Најважно е никогаш да не изгубите надеж. Да не очајуваме и да се потсетиме дека „и ова ќе помине“, повторно ќе изгрее сонцето и повторно ќе се насмееме од срце.

Во животот понекогаш треба да се бориме не само со околностите и луѓето, туку и со самите себе.

Мораме да поминеме низ пеколот за да разбереме што е навистина рајот и да го цениме сето она што го имаме.

И кога во оваа борба чувствуваш дека ја губиш силата, кога мислиш дека не можеш повеќе, знај дека имаш уште барем толку сила и не се откажувај!

Луѓето се уникатни суштества и можеме да постигнеме многу. Потребно е само малку трпение, надеж, верба и многу, многу љубов!