Состојки за кората:
- 4 јајца
- 100гр. кристален шеќер
- 2 лажици вода
- 2 лажици млеко
- 2 лажици масло
- 100 гр. брашно
- 2 лажици какао во прав
- 1 прашок за пециво
Состојки за фил:
- 800мл млеко
- 1 ванилин шеќер
- 3 пудинзи од карамела
- 200гр путер
- 10 лажици кристален шеќер
- 400мл слатка павлака
- 1 желатин
Подготовка:
Измешајте ги белките, додадете го шеќерот, потоа жолчките, водата, млекото и маслото. Продолжете со мешање и додадете го брашното, какаото и прашокот за пециво. Истурете ја смесата во плех за печење и печете на 200 степени околу 15-20 минути.
Во врелото млеко додадете пудинг, шеќер, ванилин шеќер и путер и варете ги додека не се згуснат. Ставете го филот врз изладениот бисквит. Ставете мешана павлака одозгора и додадете го желатинот. Украсете по желба.
На здравје!