ТОРТА ОД ДВЕ ЈАБОЛКА СО ПРЕЛИВ ОД МЕД-МЕКА И ВКУСНА !

Состојки:

  • 250 мл кисело млеко
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 80 мл масло
  • 200 гр брашно
  • 80 гр шеќер
  • 50 гр лешници
  • 2 јаболка
  • 30 гр путер
  • 1 јајце
  • 10 гр прашок за пециво
  • екстракт од ванила

Прелив:
мед
ванилен пудинг

Подготовка:

Измешајте ги кафеавиот шеќер, маслото, јајцата, брашното, киселото млеко, лешниците, екстрактот од ванила и додадете ги јаболката исечени на коцки. Додадете го прашокот за пециво.

Истурете а смесата во подмачкана тава. Во мал сад измешајте ги шеќерот, циметот и стопениот путер. Промешајте и посипете во смесата.

Печете на 160 c – 40-45 минути. На готовиот, сервиран колач посипете го пудингот и преливот од мед.

На здравје!