Состојки:
- 4 поголеми јајца
- 1,5 чаши шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша масло
- 1/2 чаша гриз
- 2,5 чаши брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кг кајсии
- 2 лажици ф’стаци
Подготовка:
Ставете ги јајцата во сад, додадете го шеќерот и ванилин шеќер, добро измешајте со миксер.
Потоа додадете ги другите состојки, јогурт, масло, гриз, брашно измешано со прашок за пециво.
Сè лесно измешајте.
Подмачкајте ја тавата или ставете хартија за печење, ставете половина од исчистените и сецкани кајсии, прелијте го тестото од кајсија и повторно наредете ги кајсиите со малку фстаци.Мерката е за тава во рерна, печена на 185 Целзиусови.
На здравје!