Состојки:
2 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
2 чаши брашно
2 рендани јаболка
40 гр. афион (кој сака може и повеќе)
1 пециво
1 ванилин шеќер
Глазура:
100 гр. чоколадо за готвење
3 лажици масло
Подготовка:
Јајцата изматете ги со шеќерот додека добиете пенаста смеса а потоа додадете ги млекото и маслото и миксирајте на најмала брзина да се соедини.
Додадете ги брашното, јаболката, афионот, пецивото, циметот и ванилата и мешајте со лажица додека се соедини и нема грутчиња.
Ставете ја смесата во тава за печење обложена со хартија или намрсена и побрашнета.
Ставете да се пече на 200 степени 40 мин. додека порумени.
Или најдобро проверете со благ стисок на раката.
Извадете ја тортата и оставете ја да се излади.
Во меѓувреме додека се лади стопете го чоколадото со масло на пареа.
Прелијте го врз тортата и оставете ја во фрижидер 30 мин. додека се стегне глазурата. Сечете на коцки или штангли.
На здравје!