Брза и многу вкусна тортиља со зеленчук и сирење.
Потребни состојки:
- 1 кромид со средна големина
- 2 средни тиквички
- 200 гр варена пченка
- 2 јајца
- 200 гр рендано сирење
- 50 гр рендан пармезан
- 4 големи тортиљи
- сол, бибер
- маслиново масло
Подготовка:
Ситно исецкајте го кромидот. Пржете го во две до три лажици маслиново масло.
Додадете ги тиквички што претходно сте ги измиле, излупиле и исекле на помали коцки или ленти. Додадете сол, бибер и пржете пет минути.
Јајцата се матат и се додаваат со тиквичките и кромидот. Кога јајцата ќе се испражат, тргнете ги од шпоретот и додајте ја зготвената пченка и пармезанот, па промешајте.
Истурете малку маслиново масло во поголема тава, а потоа загрејте на средно висока температура.
Ставете една тортиља на чинија, посипете ја со сирење, намачкајте половина од смесата од тиквички и јајца, повторно посипете со сирење и покријте со друга тортилја.
Внимателно префрлете ги тортиљите во тавата, а потоа печете од двете страни неколку минути.
Повторете го процесот со преостанатите тортиљи и полнење.
Можете исто така да користите моцарела наместо сирење, ако сакате.
Наздравје!