За тестото:
250 мл. вода
50 мл. масло
Прстофат сол
250 гр. брашно
3 големи јајца
За шербет:
600 гр. шеќер
500 мл. вода
1 ванилин шеќер
Ќе ви треба и:
1 литар масло за пржење
Најпрво подгответе го шербетот, за да има време да се излади. Водата и шеќерот ставете ги во поголемо тенџере, па откако ќе зовријат, варете ги околу 20 минути на среден оган. Во готовиот шербет ставете 40 мл. ладна вода за да го прекинете процесот на вриење. Потоа додајте го ванила шеќерот, измешајте и оставете го да се лади.
Започнете со подготовка на Тулумбите. Ставете ги да зовријат водата, маслото и прстофат сол. Додадете го брашното и мешајте за да добиете рамномерна смеса. Оставете ја да се излади. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, и измесете мазно тесто.
Ставајте од тестото во шприц за Тулумби, и сечете парчиња со должина од околу 5 сантиметри. Пржете ги во загреано масло на средна температура, маслото не треба да биде многу топло. Оставете простор во тавата за да нараснат.
Кога ќе се испржат рамномерно од сите страни, тргнете ја тавата од оган за да не се прегрее маслото, и ставајте ги Тулумбите во изладениот шербет. Потоа вратете ја тавата на шпоретот и пржете ги следните Тулумби. Кога ќе бидат тие готови, извадете ги претходните што стоеја во шербетот во тавата, па ставете ги новите во истиот шербет.
На крај, прелијте ги сите Тулумби со преостанатиот шербет, и оставете ги да се изладат и да го впијат шербетот, околу 2 часа.