Состојки:
– 50 гр. путер
– 325 гр. кромид, сецкан
– 500 гр. свежи печурки, сецкани
– 2 лажички сушен копар
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица соја сос
– 500 мл. пилешка коцка за супа
– 250 мл. свежо млеко
– 3 лажици брашно
– 1 лажичка сол
– црн бибер по вкус
– 2 лажички сок од лимон
– 4 лажици свеж магдонос, сецкан
– 125 мл. павлака
Подготовка:
Растопете го путерот во големо тенџере на средна топлина. Пропржете го кромидот во путерот 5 минути. Додадете ги печурките и пропржете ги уште 5 минути. Додадете ги копарот, црвениот пипер, соја сосот и супата. Намалете ја топлината, покријте го тенџерето и оставете го да врие 15 минути.
Во посебен мал сад, измешајте го млекото и брашното. Додадете ги во супа и добро промешајте додека не се раствори целосно. Покријте и вриејте уште 15 минути, мешајќи повремено.
На крај, додадете ги солта, биберот, сокот од лимон, магдоносот и павлаката. Промешајте добро на тивок оган уште 5 минути. Внимавајте да не зоврие.
На здравје!