УЖИВАЊЕ ШТО НЕ ДЕБЕЛЕЕ – ЈАДЕТЕ БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ!

Кога сакате нешто слатко навечер, крушите полни со чоколадо се вистинскиот избор. Во комбинација со лешници, малку сирење, зачинети со цимет и морско оревче, полнетите круши претставуваат совршена хармонија на едноставност, сладост и фин крем. Јадете ги додека се топли, тогаш искуството за сетилото за вкус е најдобро!

Состојки (за 4 порции):

  • 4 зрели круши (излупени, преполовени, со јадра и со семки)
  • 40 гр овесна каша
  • 80 гр ситно сечкани лешници
  • една лажичка мелен цимет
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1/2 лажичка мелено морско оревче
  • 50 гр темно чоколадо (70 проценти какао)
  • 100 гр маскарпоне сирење
  • 1/2 лажичка ванила

Подготовка:



Во сад измешајте ги овесните снегулки, лешниците, циметот и кокосовото масло. Во тенџере ставете ги крушите, морското оревче и половина шолја вода. Ставете на средна топлина. Покријте и оставете ги крушите да се варат 10-15 минути.

Потоа префрлете ги крушите во садот за печење. Растопете го чоколадото, па измешајте го со смесата од овесна каша. Наполнете ги крушите со добиената смеса и печете на 180°C околу 10-15 минути. Додека крушите се во рерна, лесно изматете ги ванилата и маскарпоне. Готовите круши прелијте ги со подготвениот фил со макарпоне и ванила. Послужете додека се топли и уживајте!