“Денес е живот – единствениот живот во кој сте сигурни. Зграпчете го денес. Заинтересирајте се за нешто. Разбудете се. Развијте хоби. Нека ветровите на ентузијазмот дуваат низ вас. Живејте денес со желба.” – е цитат од познатиот психолог Дејл Карнеги .
Така е, животот е она што ни се случува овде и сега. Вдишете длабоко, тој здив е доказ за вашиот живот, бидете благодарни за тоа. Погледнете го небото, забележете ја пространоста, синилото, облиците создадени од облаците – ова е моментот кога вашиот ум е ослободен и исчистен од негативноста . Затворете ги очите и оставете ги сончевите зраци да светат на вашето лице, изолирајте се и бидете свесни само за топлината што ве покрива. Тоа е момент кој е навистина драгоцен, релаксирачки и радосен. Има безброј такви моменти во вашиот ден, бидете свесни за нив.
Извор: Сенза


