ВЕЧЕРТА ПРЕД ВЕНЧАВКАТА ДОЗНАЛА ДЕКА НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ ЈА ИЗНЕВЕРУВА, ПА МУ ПОДГОТВИЛА БРУТАЛНА ОДМАЗДА!

“Едвај чекав конечно да се омажам за него. А потоа, неколку часа пред свадбата, пристигна порака која промени се”, ја започнува исповедта на Кејси од Австралија.

“Застанав во мојата венчаница и ги гледав вчудоневидените лица на моите пријатели и семејството. Алекс и јас бевме во врска шест години. Штом го запознав, знаев дека е вистински и дека ќе живееме среќно до крајот. Ден пред свадбата, седев со другарите во хотелска соба, се шегувавме и се смеевме, а потоа добив порака на мобилен. Тоа всушност беа неколку слики од преписки, испратени од непозната број.По нив дојде следнава порака: „Јас не би се омажила за него. А ти?.

Како што напишала и самата невеста во својата исповед, станува збор за преписка помеѓу нејзиниот иден сопруг и анонимна жена која сето тоа и го испратила.

“Имаше и еден куп нивни селфија. Таа жена беше се што јас не бев! Јас сум русокоса и со светла кожа, а таа со темна кожа. Очигледно тие се допишуваат со месеци, а тој и пратил стотина пораки Мозокот ми го блокираше. Моите пријатели веќе беа спремни да одат кај него и да му се одмаздат.Тие инсистираа веднаш да му се јавам и да ја откажам свадбата.Но јас го сакав. Не направив ништо. Донесов одлуката, ќе има свадба.

Иако нејзините пријатели биле шокирани од оваа одлука, решиле да ја поддржат кога слушнале што всушност ќе се случи на свадбата!

„Алекс не е човекот што мислев дека е“, започна Кејси додека го отклучуваше мобилниот телефон пред олтарот.

Потоа почнала да ја чита целата негова преписка со анонимна жена.

“Ја читав секоја порака на глас. Алекс стануваше поблед. На крајот истрча од црквата, а по него и кумот. Неговото семејство остана со отворена уста, гледајќи во мене. Денеска нема да има свадбени церемонии, но ќе ја славиме искреноста. потрагата по правдата, љубов и слушање на срцето, дури и кога вистината боли. „Кејси напиша и додаде дека мисли дека ја направила вистинската работа“, пренесува The Sun.