ВЕЖБИ ЗА ТЕНОК СТРУК И СТОМАК

Не постои магично стапче кога станува збор за слабеење , затегнување на мускулите и отстранување на масните наслаги. Единствената докажана комбинација за отстранување на салото од стомакот и потенок струк е дефинитивно комбинација од здрава урамнотежена исхрана и физичка активност.

Без опрема, разни реквизити и одење во теретана, можете да пробате вежби кои ќе ви помогнат да го истенчите струкот, да го затегнете стомакот и да изгубите тежина. Ви носиме сет од вежби кои траат само 10 минути, а можете да ги правите дома. Над 26 милиони луѓе го погледнале ова видео, со многу позитивни коментари.