Во малата земја Еритреја, сместена во Источна Африка, почина Натабај Тинсив- човекот кој важеше за најстариот човек на планетата, пренесува Daily Mail.
Според официјалните податоци, тој е роден во 1894 година и починал на 127 -годишна возраст, но неговите роднини тврдат дека тој бил уште постар, имено 137 години.
Пред неговата смрт, Тинсив со внукот ја споделил тајната на неговата долговечност. Тој кажал дека трпението, радоста и великодушноста мора да ја одиграат најважната улога во сето ова и во животот во целина. Негативните емоции уништуваат апсолутно сѐ и го прават животот пократок.