Тајланд е земја на егзотика и контраст, која нуди целосна содржина за незаборавен одмор.
Тајланд, службено кралство Тајланд е држава во Југоисточна Азија, која до 1939 година се викала кралство Сијам. На југ излегува на Тајландскиот залив, дел од Јужно кинеско море. На запад се граничи со Мијанмар, на север до Лаос, на исток со Камбоџа и на југ со Малезија.
Најголем број од населението се будисти. Тајланд е единствена држава од тој регион која никогаш не била окупирана од страна на европските држави.
Главен и најголем град е Бангкок со популација преку 11 милиони жители.
Претставува еден од најпознатите азиски космополитски градови со величенствени храмови, автентични канали, раздвижени пазари и богат ноќен живот. За Бангкок може да се каже дека е многу безбеден град и доста организиран и претставува една од најпопуларните дестинации.
Во Тајланд преовладува тропска монсунска клима. Април и мај се најтопли месеци во годината. Најпријатна клима е од ноември до фебруари кога и влажноста на воздухот е најмала. Најдобро време за престој е во периодот од ноември до март поради малите количини на врнежи на дожд и пониски температури.
Патувањето во земјата на храмовите, лудиот ноќен живот, будизмот, волшебните острови, занесните плажи, кристалното море… Земјата на ,,слободата и насмевките” како што популарно го нарекуваат Тајланд ќе ви овозможи уживање во разновидните природни убавини,запознавање со фасцинантните будистичко-културни споменици и извонредните тајландски кулинарски специјалитети како и незаборавниот ноќен живот. Со своите убавини децении наназад привлекува туристи од целиот свет,а непријатна е гостопримливоста и шармот на тајландскиот народ. Тајланд најубаво ќе го доживеете ако забавите и гледате на работите онака како што прави тајландскиот народ. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што е и уживаат во него.


