(ВИДЕО) АЈДЕ ДА ПАТУВАМЕ- ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА ОД БЛИСКУ!

Доминикана или официјално Доминиканска Република (República Dominicana) е држава во Карипското Море на островот Хиспаниола. Главен град е Санто Доминго.

Одморот на Доминиканска Република е многу повеќе од обичен престој на плажа. Оваа волшебна земја има многу да понуди од погледот на културата: историски места, згради, колонијални градови како и природни паркови кои ве повикуваат да ја истражите и доживеете атмосферата на една карипска држава. Но тоа не е се. Поради својата големина, таа е една од земјите со најразновидна содржина на Карибите. По должината на брегот се наоѓаат голем број на плажи, додека пак во внатрешноста се наоѓаат лагуни, планински врвови и водопади, кои се само почеток на една приказна. На Доминиканската Република се уште постојат региони со густи дождовни шуми, пејсажни тропски езера и долги песочни плажи кои и покрај растечкиот туризам, останале недопрени и неоткриени.

Оваа прекрасна земја има на располагање плажи за сечиј вкус.

Пунта Кана (Punta Cana) – Со својот брег кој има должина од 30 километри, прочуените голф терени и семејни хотели, Punta Cana е убедливо најпопуларната дестинација во Доминиканската Република.

Доколку барате идеален период од годината, треба да знаете дека оваа област е подложена на урагани. Периодот на ураганите трае од јуни до крајот на септемвви (особено во јужниот дел на земјата, а периодот на дождови помеѓу мај и јуни, понекогаш до октомври)

Така,најдобар период од годината за патување во Доминиканската Р. e од ноември до мај. Тропската клима и влажност допринесуваат кон тоа да субјективното чувство за температурата биде повисоко, но тој ефект го ублажува ветарот кој доаѓа откај морето. Во февруари времето е многу пријатно, но треба да имате во предвид дека станува збор за месец месец на величенствениот карневал и време кога може да видите китови.