Малдиви — островска земја која се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени – 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Со површина од 298 квадратни километри и со 328.500 жители, Малдивите се најмалата и намалубројната земја во Азија.
Мале е главниот град на Малдивската Република, кој се наоѓа на атолот Северен Мале. Со површина од само 1,77 квадратни километри и со 125.000 жители, Мале е најмалиот главен град на светот.
Малдивите се познати посвоите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Главни индустрии се туризмот и рибарството. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.


