Разорната експлозија што се случи во реакторот 4 на електраната во Чернобил во 1986 година и предизвика нуклеарна катастрофа, сè уште е предмет на истрага.
Темниот ентериер во контролната соба во Чернобил, Реактор 4, каде се случи разорната експлозија во 1986 година, сега е официјално отворен за туристите – се додека тие се подготвени да носат костум на Хазмат пред да влезат и да бидат подложени на радиолошки прегледи по излегувањето.
Иако денес туристите можат да одат во Припјат и Чернобил, има некои делови кои сè уште се недоволно испитани.
Една од мистериите до неодамна беше реакторот 5, кој беше во завршна фаза на изградба за време на експлозијата. Бидејќи се наоѓа во зоната на ризик, научниците не беа сигурни дали во неговите базени има прачки со гориво со осиромашен ураниум.
Со помош на новата технологија, минатата година, 33 години подоцна, научниците добија можност да ѕирнат во петтиот реактор на нуклеарната централа.