(ВИДЕО) ОВОЈ РЕЦЕПТ Е ВИРАЛЕН ХИТ НА ИНТЕРНЕТ-НАПРАВЕТЕ ТЕСТЕНИНИ ВО РЕРНА И УЖИВАЈТЕ ВО НЕВЕРОЈАТНИОТ ВКУС!

Потребни состојки

  • тестенини по ваш избор
  • сирење фета
  • шери домат
  • маслиново масло
  • лук
  • босилек
  • сол и црн бибер

Подолу ви донесуваме примери во видео форма, но важно е да се истакне дека постапката е многу едноставна – и многу прилагодлива за вашиот вкус. Во подлабок сад што може да влезе во рерна, ставете ги доматите (едно пакување од 250 грама, на пример), прелијте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и црн бибер. Ослободете простор во средината на садот и ставете таму фета сирење. Посипете со маслиново масло и зачинете со сол и црн бибер. Печете во рерна на 200 степени, околу 30 минути, иако најдобро ќе го процените потребното време; тогаш кога фета сирењето ќе добие потемни рабови, време е да се извади садот.

Во исто време, гответе тестенини на шпоретот – половина пакет треба да биде доволно за двајца, но исто така можете да ја зголемите таа количина и да го прилагодите рецептот на себе.

Кога ќе се испечат доматите и фетата , додадете во таа смеса до две чешниња лук (толчен) и грст сецкан босилек. Фетата изгмечете ја со вилушка и измешајте ги заедно со доматите, лукот и босилекот, а на крај додадете ги тестенините и сè измешајте добро! И тоа е тоа! На здравје!