(ВИДЕО) ПО ШТО СИ ЛИЧАТ ЊУЈОРК И ПАРИЗ

Њујорк и Париз – две посакувани дестинации, два мегаполиси каде што може да се види скоро сè. Затоа решивме да ви го покажеме интересниот времеплов на филмскиот режисер Франк Мателини, кој работи во Париз. Тој создал видео кое открива многу заеднички нешта кои француската престолнина ги дели со метрополата Њујорк.

„Сакав да покажам што им е заедничко и да ја потенцирам индивидуалната убавина на секој од градовите “, вели Мателини за своето видео.

Видеото е поделено на два дела и така ги споредува луѓето, архитектурата, културата, транспортот и спомениците во двата прекрасни града.

Погледнете како овие два шарени града се слични и различни во исто време: