Потребни состојки:
1 јаболко
1 чаша брашно
1 чаша овесна каша
120 грама путер
1/2 чаша шеќер
1 јајцe
1/2лажичка цимет
1 пакетче ванила
1/2 лажичка пециво
1/4 лажиче сол
Подготовка:
Во сад измешајте го брашното заедно со прашокот за пециво. Додадете ги солта, овесната каша, циметот, ванилниот шеќер и промешајте.Измешајте ги шеќерот, мекиот путер и јајцето со миксер.
Соединете ја течната и сувата смеса.
Излупете го јаболкото и исечете го на мали коцки, а потоа додадете го во смесата.
Мешајте додека не добиете еднакво тесто.
Ставете го тестото во замрзнувач најмалку 30 минути да се стегне добро.
Тестото може да остане во замрзнувач неколку часа.
Од тестото, штом ќе го извадите од фрижидерот, формирајте топчиња со големина на орев, кои ги редите во плех во кој претходно сте ставиле хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 13-15 минути, или додека колачите од јаболко се здобијат со апетитна златна боја.
На здравје!