Видеото на социјалните мрежи, на кое наводно се гледа како лице удира бебе, ја шокираше Србија, но и целиот регион
Павле Бихали, основачот на движењето Левијатан, кој го објави ова видео, тврди дека целиот материјал и сите информации за овој случај се предадени на Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјална работа и Обвинителството во Србија.
- Во суштина, имаме информации дека случајот веќе бил пријавен еднаш пред околу еден месец, кога бебето имало само шеснаесет дена. Потоа, по направениот разговор, Центарот за социјална работа го врати детето на својата мајка. Добивме и информации дека по објавувањето на ова видео, мајката на бебето, актерката на настанот, била одведена на информативен разговор, но не знам дали тоа е вистина. Гледајќи ја снимката, се разбудија моите најлоши човечки инстинкти. Мора детето да се одземе од тоа чудовиште и тоа е единственото нешто што сега е важно – објаснува Бихали.
🚫STOP NASILJU🚫
G.P iz Kragujevca brutalno zlostavlja bebu od jedva mesec dana. Obzirom da je snimak jasan apelujemo na hitnu reakciju policije i tužilaštva. #pokretlevijatan pic.twitter.com/sakvaUNfK9— ☠️Pavle Bihali☠️🤚🏻🇷🇸 (@pavlebihali) October 11, 2021