ЗА ЗДРАВИ БЕЛИ ДРОБОВИ ПИЈТЕ ЧАЈ ОД ЛИПА!

Липата е големо дрво чие стебло достигнува околу 25 до 30 метри височина, и старост од неколку стотини години.

Плодовите на липата се како мали оревчиња. Цветот има многу пријатен мирис. Липата треба да се бере штом почне да цвета, кога двете третини од цветовите во целост расцветале. Прецветаната липа нема никаква вредност.

Цветот треба да се бере заедно со ливчето кое ги држи сите цветови заедно. Во исушениот цвет има многу малку етерично масло. Танин најмногу има во стапчето, и тој го дава најголемиот дел од аромата и нутритивната вредност на чајот.

Липовиот лист содржи танин, слуз и останати вредни материи, па при потреба може да се користи за истите намени како и цветот. И липовата кора има многу слуз. Во цветот и во листот има многу витамин Ц.

Потполно младиот, штотуку отворен лист може да користи и како зеленчук за салата. Во липовото семе има масло слично на маслиновото.

Лековити делови на билката: липовите цветови се користат за лечење на настинка и болести на дишните органи. Го подобрува мокрењето и потењето. Цветот од липа се употребува најчесто во облик на чај, инфузија, како облога за потење, против грчеви и за намалување на болките како многу благо средство.



Се користи и против настинка, хронично кашлање и пролив, како и за зацелување на изгореници и отворени рани. Се препорачува при лечење на хронично кашлање, болки при мокрењето, замор и превозбуденост на нервите. Друго позитивно дејство е што ја штити крвта од непотребните материи.

Липата не се препорачува кај луѓето кои се премногу чувствителни на поленов прав поради силниот мирис, и затоа луѓето кои се алергични на полен би требало да ја одбегнуваат.